Најдобриот лек за стомачен вирус

Ако добиете грчеви во стомакот, мачнина, пролив и повисока телесна температура, спас побарајте во зачинот кој сигурно го имате во кујната.

Верувале или не, зачинот кој го користиме за шпагети или пица може да ги излечи незгодните симптоми кои ги имаме кога ќе не фати најтешкиот облик на стомачен вирус, т.н. норовирус.

Американските научници спровеле истражување кое покажало дека соединението карвакрол од ориганото, заслужно за специфичниот мирис и вкус на оваа медитеранска билка, може да биде многу ефикасно во уништување на норовирусите.

Откриле дека ориганото има моќ да го уништи протеинскиот слој кој го опкружува и штити норовирусот.

Со уништувањето на заштитниот слој, ориганото им овозможува на белите крвни зрнца и антивирусни лекови да влезат во вирусот и да го уништат.

Студијата објавена во списанието „Applied Microbiology“ спроведена е на глувци, а допрва треба да се докаже ефикасноста на ориганото и кај луѓето. Моментално не постои вакцина или лек исклучиво за норовирус, па затоа ова истражување е многу важно за развој на потенцијална вакцина.

Норовирусот може да биде еден од предизвиувачите на гастроентеритис, а некои од симптомите се мачнини, повраќање, пролив, грозница и болни грчеви. Многу е заразен и се пренесува преку капки во воздухот, со користење на исти садови или облека, а болеста обично трае неколку дена.

new nike air max 2019