Мотивацијата е еден од клучните фактори за успех во постигнувањето на целите во вежбањето. Ако мотивацијата е на ниско ниво на самиот почетокот, нема да успеете.

Во едно истражување велат дека дури 90% од новите вежбачи се откажуваат од тренинг во првиот месец, а 10% продолжуваат да  вежбаат редовно или делумно редовно. Каква ни е иднината, ако овој тренд продолжи?

Ако мотивот за тренинг е од здравствени причини тука успехот е загарантиран. За жал, луѓето сфаќаат колку физичката активност е важна само кога лекарот ќе им укаже на тоа, или кога тие немаат ништо друго што би можеле да направат за своето здравје. Со таков мотив е убаво да се работи, луѓето се спремни на различни одрекувања во секоја смисла, тие имаат време за вежбање , здравата исхрана не е проблем, вежбаат многу одлучно и ќе дојдат до посакуваните резултати.

Исто така, има голем број на оние кои мотивот им е наметнат, без разлика дали од страна на пријателите, партнерот, семејството и ако е така мотивацијата е многу слаба, тие брзо ќе бараат причини да не вежбаат или да  јадат малку повеќе, бидејќи вежбале. Тие ќе ги применат сите изговори, изговори кои на крај ќе доведат до престанок на вежбање и откажување, во тој случај треба брзо да најдете мотивација која ќе ве движи и ви е важна на вас, а не на луѓето од вашата околина.

Најдобра мотивација за тренинг е доброто чувствуво по тренингот, сте  направиле нешто убаво за себе, имате инвестирано во себе, ќе бидете поубави, поздрави, посреќни. Ако го засакате тоа чувство , резултатот ќе дојде сам по себе, мотивацијата секој ден ќе биде поголема и поголема. Ќе има сигурно и моменти кога нема да бидете расположени за вежбање , но ако тогаш се принудите да вежбате ќе бидате среќни на крајот, не сте се откажале и не сте се изневериле себе си и своето тело .