За успешна борба против целулитот, освен физичка активност потребна е и исхрана која ќе помогне во борбата против кожата која е налик на портокал.

Антицелулитната исхрана знае да биде и многу пријатна, особено во текот на пролетта  и летото, кога изборот на намирници е поголем. Многу важно е да конзумирате многу овошје  и зеленчук, особено оние кои содржат многу вода.

Јајцата се дозволени, но да се јадат подготвени без маснотии.

Се препорачјува да се пие обичен јогурт, а од месото на мените се препорачуваат риба, пилешко и мисиркино месо.

Важно е да се пијат минимум 8 чаши вода во текот на денот.

Исто така, се препорачува да се намали внесувањето на шеќерот и солта за да се спречи задржувањето на водата во телото. Експертите советуваат да се ограничи внесот на бела грана и бел шеќер, а да се конзумира храна богата со влакна.