Најдобра терапија за животните проблеми е да се тргнете од луѓето кои ви ги создаваат

Најдобрата терапија за многу животни проблеми е да се тргнете од луѓето кои ви ги создаваат!

Без оглед на тоа дали се работи за нешто крупно или ситница, на таквите луѓе им е сеедно, тие во сѐ гледаат голем проблем. Не само што гледаат, туку сакаат и на вас да ви го пренесат своето видување, тоа свое доживување, таа своја фантазија. 

Не е важно што ќе направите или кажете , затоа што нивниот фокус на проблемот е неизмерен, тие ќе зборуваат само за тоа и за ништо друго и воопшто нема ни да ве забележат, ниту да ве чујат.

Најдобра терапија за многу животни проблеми е да се тргнете од луѓето кои сѐ претвораат во проблем. Зошто едноставно, кога може комплицирано? Зошто по пократкиот пат кога може по подолгиот? Зошто да не се оптоваруваш кога може да се оптоваруваш? И понекогаш се чини како тие на некое потсвесно ниво да уживаат во она што не е нормално и како тоа да им е секојдневна храна за душата која ја трујат со својот негативен ум.

Не ви требаат такви луѓе, не ви требаат повеќе драми во животот. И онака ги имате доволно. По секоја негативна мисла ви е потребно оздравување и треба да се фрлите во светот на позитивноста и да го лечите она што се превртело наопаку. Ако и натаму го храните својот ум со отров, сѐ потешко ќе ви биде да се вратите во оној исконски свет во кој среќата и успехот е природна состојба за секој поединец. 

Бидете храбри и мудри и тргнете се од она што ве повредува. Останете сосредоточени на вашите соништа и пронаоѓајте начини како да дојдете до нив. Ослободете се од луѓето кои од сѐ прават проблем, бидејќи тоа е нивен проблем. 

Имајте свој светоглед кој не е оптоварен со прогонози на самопрогласени експерти и песимисти кои го загубиле својот компас.

Кога ќе се научите да се тргнете од работите и луѓето кои не вредат, ќе видите дека на крајот ќе остане она што го заслужувате, сакате и она што ви е потребно.