За подготовка на овој сладолед, потребни ви се само 3 лесно достапни состојки.
Потребни состојки:
500 гр смрзнати јагоди
250 мл јогурт
1 лажица мед
Садот во кој ќе го ставите сладоледот ставете го неколку минути во фрижидер. Добро замрзнатите јагоди, во меѓувреме ставете ги во блендер заедно со медот и јогуртот и добро матете додека не добиете хомогена смеса.
Извадете го садот од фрижидер и истурете ја смесата во него.
Уживајте во одличниот и здрав вкус.