Најдете време за животот, најдете време да ги славите убавините во животот

Најдете време за животот, најдете време да ги славите неговите убавини, а навистина ги има околу нас и тоа во голем број, иако во моментов можеби не изгледа така.

Секогаш некако наоѓаме време за приговарање, критикување, барање влакно во јајце, но ретко кога човек наоѓа време за да се заблагодари за добрите работи во неговиот живот. Одвоете време за себе и направете список со работите кои сакате да ги постигнете, местата каде што сакате да одите еден ден и новите височини кои сакате да ги достигнете. 

Најдете време за добар живот, време да откривате чуда во светот околу вас. 

Кога некој ќе рече дека треба да чекаме подобри времиња, тоа значи дека треба вечно да чекаме. Зошто очекуваме дека светот ќе ни даде нешто фасцинантно ако ние не вложиме ништо во него?

Најдете време за убав живот, време да се борите за работи кои ги сакате, за соништата кои ве допираат. Ако не се грижите за нив, тие ќе ви се лизнат од раце. Колку работи би се случиле кога би имале храброст да ги побарате, кога би верувале дека се возможни, кога би мислеле дека заслужувате повеќе од она што го имате сега!

Секогаш наоѓате време за работа и различни активности, па размислете малку за тоа дека и на вашиот живот им е потребно време и дека на вашата душа ѝ е потребно нешто убаво, нешто што ќе ѝ дава мотивација и светлина во темните периоди.

Најдете време за едноставен живот, не го трошете времето во размислување за светот кој е зад вас, оставете спомените самите да си се движат кога ќе тргнете во создавање нови спомени. 

Простете им на луѓето, работите и случките кои ве повредиле, затоа што одмаздата е товар кој ви ја одзема моќта да создадете нешто вредно и да оставите трага во овој свет. Кога ќе најдете време за себеси, ќе сфатите колку е краток животот и повеќе нема да трошите ни еден миг на неважни и невредни работи.