Најчестите љубовни грешки кои ги правиме на Фејсбук

Сите правиме некакви грешки на Фејсбук.  Сите знаеме барем едена личност чие однесување на социјалните мрежи ни оди на нерви. 

Ова се најчестите грешки кои ги правиме.

  • Менување на љубовниот статус на неколку дена. Првин, ќе видите „во врска“, потоа „сингл“, па „комплицирано е“. Сите овие фази се дел од една врска, кои често личностите ги манифестираат на тој начин што воопшто не разговараат со своите партнери околу ова, туку само прават хаос на својот профил. Дали постои нешто што е поиритирачко? 
  • Кога статусите и изјавите стануваат „ние“. Ние мислиме, ние ќе правиме. Сето тоа резултира со заеднички профил.
  • Фотографиите на слатките двојки можат да бидат многу интересни. Но, кога тие ќе се претворат во цел куп идентични фотографии и албуми, време е да се престане.
  • Пресметки и конфликти со бившите. Можеби сакате да им покажете дека сте продолжиле со својот живот, но ако тоа го правите само за да им докажете нешто, тогаш тој можеби и не е толку заинтересиран.