Најбарана диета во 2017 година: Минус 7 кг за 7 дена

Од низата диети, најуспешна и најбарана за оваа година е диетата осмислена од Џенерал моторс. Овој режим на исхрана компанијата го развила за време на 1980-те години за да гозачува здравјето на своите вработени.

Но во 2017 година, диетата на Џенерал моторс стана вистински хит според пребарувањата на Гугл, што не е ни чудо бидејќи ветува загуба на дури 7 килограми за само 7 дена.

Главното правило на диетата е строгото држење до намирниците во текот на една недела.

Првиот ден на диетата се јаде само овошје, но овошје кое е базирано на вода, па така бананите се строго забранети. Лубеницата и дињата се најмногу дозволени.

Вториот ден е дозволен секаков вид на зеленчук, сирово или варено/печено, а овошјето е забрането. Денот започнете го со печен компир за да се осигурите со јаглехидрати во текот на денот, а потоа продолжете со зеленчук по желба.

Третиот ден се комбинира овошје со зеленчук, но немојте да јадете банани и компири.

Четвртиот ден се дозволени овошје, зеленчук, банани (не повеќе од две) и млеко.

Петиот ден поминете на месо. Јадете телешко, јунешко, пилешко или риба заедно со 5 цели печени/варени компири. 10 до 12 чаши вода се препорачуваат во текот на овој ден.

Шестиот ден се јаде говедско месо и зеленчук.

Седмиот ден за појадок се јаде интегрален ориз и чаша природен овошен сок, а во текот на останатиот дел од денот може да се консумира во неогранична количина зеленчук и овошје.