Најава за повисоки цени за дизелот, водата, цигарит - што не чека во 2018!?

По најавите дека од 2018 година ќе се зголеми цената на дизелот, водата, цигарите, транспортот … економскиот тим од Владата со смирувачки тонови во јавноста дека се подготвуваат низа на мерки за поддршка на економијата со кои што ќе се овозможи зголемување на просечната плата и одржување на животниот стандар.

Економските реформи за граѓаните значат стегање на ременот, бидејќи поскапувањата на одредени артикли и услуги, може да ја ослабе нивната куповна моќ.

Токму затоа целта на овие економски мерки е да се зајакне економијата, како и да се овозможат нови вработувања кои ќе донесат поголема финансиска сигурност. Економскиот тим смета дека примат треба да им се даде на домашните и странските инвеститори, кои ќе имаат исти услови за развој и во зоните и надвор од нив, а со тоа ќе се зголеми и соработката меѓу нив.
За премиерот Зоран Заев 2018 година ќе биде година за финасиска стабилизација и ќе овозможи развој на економијата. Во буџетот за оваа намени е определено 3,1 милијарда денари или 50 милиони евра за програмата за економски развој, односно за 46 отсто повеќе од годинава. Дополнително се определени и уште една милијарда денари за активните мерки за вработување.
Вицепремеирот Кочо Анѓушев економскиот план ќе го реализираат преку три столба од кои првиот е за поддршка на сите економски оператори, вториот за компаниите кои освојуваат нови пазари, а третиот е наменет само за малите и средните претпријатија.

Проектираниот раст на БДП за идната година е од 3,2 отсто, а фокусот ќе се насочи во оддржувачки за македонската дијаспора.

Евтината струја не се укинува

Новиот Закон за енергетика, кој треба да почне да се применува од идната година треба да го зајакне македонскиот енергетски сектор по теркот на земјите од ЕУ, а во фокусот на правната рамка ќе бидат потрошувачите,а не производителите.

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе им овозможи на граѓаните право на избор да се снабдуваат со струја, од оној снабдувач кој ќе им понуди најповолен пакет со најниска цена. Дел од овој пакет треба да биде и евтината струја која може да биде и во друг период од денот, но нема да се укине.

Државата ќе настојува да го зголеми производството на струја во ЕЛЕМ , односно да не дозволи да се зголеми цената на струјата.

 Дизелот поскапува, ќе се точи помалку

Што се однесува за новата цена на горивата и покрај растот на акцизата за речиси 3,4 денари, во земјава дизелот повторно ќе биде најевтин во регионот, бидејќи според вицепремиерот Анѓушев цената на нафтените деривати зави од берзанските цени во светот, а во моментов нема никаква гаранција дека тие ќе бидат поскапи.

Тој смета дека најбитно е да се задржи животниот стандард на граѓаните, а тоа може да се направи со новите мерки за економска поддршка со кои што ќе се стимулираат домашните компании и странските директни инвститори да даваат повиски плати.

 Економијата во 2017 со најслаб раст

Народната банка на Република Македонија останува на својата проекција дека 2017 ќе ја завршиме со раст на економијата годинава од 0,5 проценти. Според гувернерот  на НБРМ, Димитар Богов, 2017 е една од најслабите години од аспект на економскиот раст во последните пет години,но Богов очекува наредната 2018 година да биде подобра на економски план, но за тоа треба да се исполнат неколку услови.

Се очекува постабилен политички амбиент, поголема сигурност што значи да се подобарт инвестициите, да се зголеми личната потрошувачка, но и да продолжи оној тек на странски дирекни инвестции што го имавме во претходниот период и кој е носител на економскиот раст.

Според него основна причина за тоа што инвестициите се негативни годинава е продолжената политичка криза и несигурноста што ја чувствуваат инвеститорите.

Во однос на каматните стапки, тој не очекува во 2018 година да има промена доколку нема некој домашен шок, но дека во 2019 година најверојатно кога ЕЦБ ќе започне со затегање на монетарната политика веројатно и Македонија ќе ја следи таа политика.

Од Скопје до Блаце ќе се возиме по автопат

Изградбата на автопатот Скопје-Блаце во должина од 13 километри е врвен приоритет за Владата за годината што доаѓа. Во моментов се прави репроектирање на веќе изработената проектна документација со цел да се отстранат неправилностите и пред крајот на идната година да започне изградбата.

Според Министерот за транспорт и врски Горан Сугаески како дел од капиталните инфрастуктурни проекти е изградбата на автопатот Скопје-Охрид чиј рок на градба треба да се продолжи за околу три години.

Следната година треба да биде пуштена и новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица, со што ќе се добие комплетен автопат на Коридорот 10 низ Македонија.

Ќе се доврши изградбата на пругата Битола – Кременица

Австриската компанија “Штрабаг” е избрана за изведувач на градежните работи на недовршената пруга Битола – Кременица. Пругата е со должина од 17 километри и треба да биде готова во текот на 2018 година. За нејзина изведба од ИПА фондовите на Европската Унија се обезбедени 19,9 милиони евра, но нивното искористување ќе мора да се комплетира до крајот на наредната година.

Идната година ќе се работи и железничка врска од Битола до грчката граница, бидејќи на територијата на Грција пругата е завршена.

Во 2018 година треба да почне изградбата на втората железничка делница на пругата кон Бугарија, на потегот од Бељаковце до Крива Паланка, во должина од 34 километри. За таа цел одобрен е гранд од 68,6 милиони евра од Европската Унија.
Проектираниот рок за изградба на втората делница е крајот на 2021 година. За нејзино финансирање Македонија доби заем од Европската банка за обнова и развој, во висина од 145 милиони евра.

 Катастарските услуги паѓаат за неверојатни 90%

Во 2018 година ќе има намалувањето на цените на услугите што ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности. Мерката за намалување на катастарските услуги се однесува на три тарифници. Надоместокот за запишување на инфраструктурните објекти се намалува во просек за 90%, додека цената за запишување на недвижностите во Катастарот се намалува во просек за 51%. За 28% се намалува надоместокот за користење на податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем.

 Снабдувањето со струја ќе се зајакнува

МЕПСО ќе гради нов далновод од Штип до Пробиштип, со што компанијата започнува процес на реконструкција на шест 110 кВ далноводи, инвестициски циклус вреден над 21 милион евра.

МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110 кВ далековод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип. Од страна на МЕПСО и Ерион Муши, претставник на конзорциумот изведувачи “Пинг гао груп” од Кина и “Ндрекај” од Албанија деновиве го потпишаа договорот за изградба на новиот далновод.

Далноводот што ќе ги поврзе трансформаторските станици “Штип” и “Пробиштип” ќе биде долг 27,2 километри.