Најава за ново невреме и апел од градот до граѓаните

Согласно најавите од УХМР и можноста за повторни врнежи на дожд и засилен ветар во текот на денешниот ден, градот Скопје апелира до граѓаните да избегнуваат движење по патеки поккриени со дрвја и  да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја.

Екипите на Град Скопје ја следат состојбата на терен и истите се подготвени да интервенираат за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме, се вели во информацијата која градот ја објави на фејсбук.