Согласно најавите од УХМР и можноста за повторни врнежи на дожд и засилен ветар во текот на денешниот ден, градот Скопје апелира до граѓаните да избегнуваат движење по патеки поккриени со дрвја и да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја.
Екипите на Град Скопје ја следат состојбата на терен и истите се подготвени да интервенираат за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме, се вели во информацијата која градот ја објави на фејсбук.