Жителите на општина Гази Баба до 28 мај ќе можат да се ослободат од своите отпадни електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди: лед телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер кои ги доделува компанијата Елколект ДОО.

Како што информираат од општина Гази Баба секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Гази Баба станува потенцијален добитник на вредна наградна. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за добивање награда.

Еко магацините на Елколект во општина Гази Баба се лоцирани на улицата „Лазар Поп Трајков“ бр. 26 – Автокоманда и на улица „6“ во село Стајковци. Подетални информации околу правилата на наградната игра жителите на Гази Баба може да добијат и со повик на тел: 02/309 77 66 или на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страните на Елколект и на општината.