Наградени најдобрите воспитувачки и негувателки во Општина Центар

Вкупно 22 негувателки и воспитувачки вработени во државните градинки на територијата на Општина Центар добија награди за посветеност во работата. Градоначалникот на оваа скопска општина им ги врачи наградите нагласувајќи ја битноста на нивната работа. 

Тој истакна дека работата која ја работат овие жени претставува корен на образованието, бидејќи тие се првата алка во образовниот систем, грижејќи се за најмладите. Наградите доаѓаат како епилог на проектот на општината за реконструкција на постоечките градинки, како и изградба на комплетно нова, современа и опремена по сите стандарди градинка во населбата Капиштец. 

Тој ја искористи приликата и да ја најави реконструкцијата која ќе следува на градинката „Пепелашка“. Наградите се доделуваат трета година по ред и се добар начин колективно да се заблагодариме за благородната и посветена работа.