Македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја освои наградата „Best Balkan Spirit“ на седмиот Balkan Film Food Festival во Поградец, Албанија.

Ова е петта интернационална награда на „Златна петорка“, кој за девет  месеци го имаат видено околу 70.000 гледачи во кината и на фестивалите низ светот.

Филмот досега е селектиран на 15 интернационални фестивали, а до крајот на летото го очекуваат проекции на фестивалите во Варна, Темишвар и Краина.

Сценариото за филмот е инспирирано од вистинит настан за петтемина струмички студенти од 1951 и е работено по мотиви на Братислав Ташковски.