Награда од ФФМ: Ангеловски и фудбалерите ќе добијат 500.000 евра за освоеното прво место во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со победата над Гибралтар од 4-0 го потврди првото место во групата 4 во друштвото Д во Лигата на нации.

Со овој резултат нашата селекција се пласираше во плеј-оф фазата за пласман на Европското првенство, а плус обезбеди скок во повисок ранг, односно во Лигата Ц од ова натпреварување.

Токму овие добри успеси и учинокот од пет победи и еден пораз ќе ги награди Фудбалската федерација на Македонија и тоа  со 500.000 евра. Оваа сума како премија ќе ја добијат фудбалерите и стручниот штаб на чело со Игор Ангеловски.