Нафта, парно, вода: Што сѐ ќе поскапи во 2018 година

Новата 2018 година освен неизвесност во големи дози, ќе донесе бран поскапувања. Извесно е дека не очекува нова повисока цена на нафетените деривати, дизелот и бензините, поради зголемената акциза за 3 денари на нафтата, што заедно со ДДВ би значело дека ќе плаќаме 3,54 денари повеќе за литар.

Се очекува поскапување и на водата во повеќе општини откако Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите тарифници, анализира ТВ Нова.

Поголемиот дел од јавните водоводни претпријатија бараат зголемување на цената за водата. Скопјани ќе добијат нова давачка за собирање, прочистување и одведување на отпадните води а повисоки цена на водата се предвидени за жителите на Пробиштип, Струмица, Радовиш, Куманово, Битола, Прилеп, Ресен, Велес, Неготино, Струга, Кичево, Охрид, Брвеница и Желино. Последната најава е дека ќе поскапи и парното и тоа за околу 30 проценит.

Неизвесно е дали новиот закон за енергетика создава услови за поскапување и на струјата. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев неодамна уверуваше дека струјата нема да поскапи но под услов да остане сегашната цена на светските пазари.

Сите најавени поскапувања, пред се зголемувањето на ценат ана нафтата како енергенс кој учествува во формирањето на цените на низа стоки и услуги ќе доведе до поскапување на серија производи на мало, земјоделските производи, превозот и транспортните услуги. Од прехранбените производи, пекарите веќе најавија дека во јануари ќе замесат нова цена на лебот.

Новите општински власти како борба против загадувањето објавија зголемување на цената на паркинг услугите. Дека наредата 2018 ќе го поспаки животот, покажуваат и податоците на Државниот завод за статистика. Индексите на трошоците на живот и на цените на мало во ноември годинава се повисоки од прeтходните месеци.