Наезда од крлежи - скопјани бараат помош на Инфективна

Наезда од крлежи во шумите и ливадите поради топлото и влажно време. Само на Инфективната клиника минатиот месец биле прегледани стотина граѓани каснати од овие инсекти.

Секојдневно пациенти со крлежи се регистрираат и во сите хируршки одделенија низ Македонија. Лекарите советуваат најдобро е инсектите да ги извадат стручни лица и да се внимава кога се излегува во природа. Освен со крлежи на Инфективна лекарска помош побарале и петмина граѓани каснати од змии, но за среќа немале компликации по здравјето.

Стотина граѓани каснати од крлежи во април побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести. Пациенти со убод од овие инсекти секојдневно се јавуваат и во сите болници низ Македонија каде има хируршки одделенија. Засега не е регистриран ниту еден случај со сериозни инфекции кои ги пренесуваат крлежите. Лекарите советуваат граѓаните да бидат внимателни кога се движат во природа, а ако се случи некој да биде каснат да побара помош од стручно лице.

Освен крлежите топлото време ги наезди и змиите. Последниот месец пет лица каснати од влечуги завршиле на Инфективна, но за среќа навреме им била дадена терапија и немале компликации по здравјето.