Над половина од работниците не земаат просечна плата од 25.000 денари

Повеќе од половина од работниците во земјава  земаат плата помала од 25 илјади денари односно од просечната, додека пак трошоците за најосновните  потреби во месецот пораснаа нешто над 32 илјади денари.

Иако просечната  нето плата по вработен во декември лани се зголеми за 8 отсто и сега изнесува  над  25 илјади денари, стотици илјади  работници заработуваат под овој износ.   

Од синдикатите  причината за ваквата состојба ја гледаат во континуираниот раст на минималната плата. Се зголемува само минималецот, а другите примања  стојат во место.

Уште еднаш посочија дека новиот раст  на минималецот  ќе предизвика дополнително изедначување на примањата на вработените. Едно зголмеување од 340 денари треба да има во април но тоа е поради усогласување на минималната плата со трошоците на живот. Второтот покачување кое го најави премиерот Заев треба да се случи во втората половина од годинава. Од синдикатите велат  паралено со растото на минималецот, државата треба да најде механизам со кој ќе помогне да пораснат  и дргите примања.

Според статистиката просечната плата во земјоделството е 19 илјади денари, во преработувачката нешто над 21 илјада, а во градежништвото,  сектор кој важеше за двигател на економијата овој просек е близу 23 илјади денари.

Сектор                                            Просечна плата

Земјоделство                                19. 101 денари

Преработувачка индустрија     21. 427 денари

Градежништво                              22.633 денари

Просечната плата во Македонија е една од најниските во регионот. Помала единствено имаат работниците во Албанија.