Над 6.000.000 заразени со корона во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина шест милиони, покажуваат податоците на веб-страницата „Worldometers“.

Од појавата на пандемијата со коронавирус се заразиле 6.009.114 лица, умреле 366.039, а оздравеле 2.650.709.

Најлошата состојба е во Соединетите Држави, каде има повеќе од 1,7 милиони заразени, а 104.410 починале.

На второ место е Бразил со 465,166 заразени, Русија со 387.623 заразени, Шпанија со 285.644 , Велика Британија со 271.222 и Италија со 232.228 заразени.

Кина, каде што коронавирусот се појави на крајот на минатата година, со 82.995 случаи, е дури на 15-то место по бројот на заразени во светот

По САД, најголем број смртни случаи се регистрирани во Велика Британија, 38.161 , а Италија е на третото место со 33.229 смртни случаи од последиците од коронавирусот.