Начини на кои мажите ја уништуваат својата сперма

Иако живееме во време со брзо темпо и секојдневно сме изложени на стрес, постојат неколку начини на кои мажите можат да го намалат трендот на намалена продуктивност на сперматозоидите.

1. Смарт телефони

Смарт телефоните го променија начинот на функционирање на целото човештво. Чувањето на телефонот во џебовите може значајно да го намали квалитетот на спермата кај мажите, поради вибрациите и радијацијата.

Совет: Наместо во предните џебови од панталоните, чувајте го телефонот во задните џебови или користете заштитни маски.

2. Жешко време

Прекумерната топлина може значително да го оштети производството на нови сперматозоиди.
Покрај секојдневното изложување на жешкото време, постојат и други начини преку кои може да се почуствува топлината.
На пример, многу мажи ги приклучуваат греачите на седиштето со цел да бидат во поудобна положба додека го возат својот автомобил или пак го користат својот лаптоп во скут.

3. Стрес

Стресот можеби не е нешто што може да ја намали продуктивноста на сперматозоидите, но може да има драстични последици по целиот организам.
Доколку стресот е долгорочен се лачи хормонот кортизон, по што производството на сперматозоиди се редуцира.

4. Алкохол

Само со неколку чаши неделно, алкохолот може да го намали квалитетот на спермата.
Овој тип на пијалоци може да го намали нивото на тестестерон, а со тоа и лачењето на нови сперматозоиди.