На зелената површина кај Мајчин дом ќе никне деветтокатница

Случајот со најавената зграда кај Мајчин дом повторно се актуелизираше откако деновиве на местото се појави механизација.

Актуелниот градоначалник на општина Аеродром, Златко Марин,сепак не го исполни ветувањето од предизборната кампања, започната е изградба на деветкатницата кај Мајчин дом за што во април минатата година пред општинската зграда беа организирани протести за кои главен иницијатор беше самиот Марин.

Тој пред граѓаните велеше дека под итно треба да се стопира целиот процес на изградба со цел зачувување на зелената површина.

Градоначалникот на Аеродром, преку Фејсбук напиша дека и покрај реакциите и неговите лични заложби во април 2017 година парцелата пред Мајчин дом да не стане градежно земјиште, сепак, вели тој, Деталниот урбанистички план И10 (за Острово до Мајчин дом) бил донесен од претходното раководство.

Ветувањето на Марин за стопирање на изградбата беше еден од главните адути во трката за градоначалничката позиција со Ивица Коневски. Во тој период, Марин ветуваше дека новата локална власт ќе го реши овој проблем, но по се изгледа ветувањата останаа празни.