На Водно поставени нови видиковци и детски реквизити

Изминатиов период екипите од секторот „Вонградско зеленило“ извршија поставување на нови парковски елементи изработени од дрво на повеќе локации во парк-шумата Водно.

Два големи детски реквизита се поставени кај хотелот „Водно“ и кај Марково Крувче, а еден помал детски реквизит е поставен на патот за Сончев Град. За поидеална рекреација на граѓаните се поставени и нови видиковци на локациите кај Панорама, на патот за Сончев Град, кај Детското одморалиште, на патот за Нерези, под Средно Водно и кај Долги Рид.

Освен поставувањето на новите реквизити и видиковци, исто така е извршена реконструкција на постојните клупи и маси на Средно Водно, како и на другите парковски елементи што беа оштетени и стари. Сите граѓани се добредојдени да се релаксираат и уживаат во природата на Водно користејќи ги овие елементи, но и да ги чуваат и совесно да се однесуваат кон истите тие.