На Водно без автомобили, но граѓаните прашуваат дали тоа важи за сите?

Водно без автомобили, или за кого како. Новиот градоначалник Петре Шилегов од 15-ти минатиот месец ја воведе новата мерка, планината Водно без автомобили, која ја превзема градот Скопје за намалување на загадувањето во главниот град и зачувување на убавините на планината Водно. Сепак, дека аршините не се исти за сите говори и сликата на Водно, како изминатиов, а така и претходниот викенд. За некого е забрането да се движи со своето возило до паркингот на средно Водно, но за некого тоа е дозволено. Изминатите два викенди на социјалните мрежи можеа да се забележат фотографии кои ги постираа граѓаните во знак на револт и прашувајќи зошто превземената мерка не е за сите, иако првиот викенд од кога почна забраната на паркингот имаше две до три возила, што не беше случај со овој викенд. Од веќе виденото можеме да заклучиме дека секој нареден викенд “празниот“ паркинг нема да биде празен како што беше најавувано.

-Како што можете да забележите некој со автомобилот не го загадува Водно, но ние обичните смртници го загадуваме воздухот и за нас е забрането да доаѓаме со автомобили. До кога мерките ќе важат само за еден дел од граѓаните, а останатите ќе прават како што им одговара. Ме револтира кога ќе видам паркирани возила, а јас и дел од граѓаните го користиме јавниот превоз за да дојдеме на чист воздух. Не не бива, е еден од статусот на социјалната мрежа фејзбук со прикачена фотографија на која се гледаат пакирани возила на средно Водно.

На несовесното однесување на дел од граѓаните, но и на надлежните кои во целост не ја спроведуваат најавената мерка, бурно реагираа велосипедистите и пешаците.

-Ова што се случува е неверојатно, а јас како велосипедист тврдам дека мојот живот е загрозен. Беше најавено дека конечно Водно ќе се ослободи од возила, а со тоа ние велосипедистите ќе добиеме слободна патека негрижејќи се за автомобилите, кои не требаше да ги има. Но, не беше така. Спуштајќи се со голема брзина заедно со моите пријатели, изненадувачки беше кога пред нас се појави автомобил, не бевме подготвени за тој момент, бидејќи беше помпезно најавувано дека нема да има возила на Водно, ние и поверувавме во тоа. Среќа што сите безбедно се симнавме, иако еден од пријателите имаше непријатна средба со едно возило и вистинска среќа е што по завршувањето на кривината го забележал возилото. Ваквото несовесно однесување ги доведува во опасност животите на велосипедистите и пешаците.

Од Градот Скопје, на својата официјална фејзбук страна објавија соопштение во кое се вели дека сообраќајната патрола не била во можност да постави патроли заради најавените протести во центарот на градот.

-Сообраќајната полиција денеска не беше во можност да постави патроли на двата влеза на Водно заради најавените протести во центарот на Скопје и очекуваните автобуси од другите градови. Им се извинуваме на рекреативците за малкуте возачи кои не ги почитувале знаците за забраната за движење за викенди и празници. Новиот возен ред на бесплатните автобуси од овој викенд овозможува покомфорен превоз и помалку гужви, а жичницата работи без никаков застој, истакнаа од Градот Скопје.

 

Во продолжение во потсетуваме на најавите за Водно без автомобили

Оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Забраната се планира да важи за време на викендите (сабота и недела) и за време на државните празници“, велат оттаму.

Оваа забрана, нагласуваат од Град Скопје, нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија. За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно Градот Скопје ќе воведе 2 (две) нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно. Едната автобуска линија ќе тргнува од пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората ќе тргнува од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат).