На улицата „Гостиварска" во населбата „Ѓорче Петров 2" се постави атмосферска канализација

Општина Ѓорче Петров ги заврши работите на поставувањето на атмосферската канализација на улицата „Гостиварска" во населбата „Ѓорче Петров 2".

Поставени се цевки со широчина од ф 315 во должина од 260 метри. Поставени се и 6 шахти. Воедно ќе се постави и ново улично осветлување, а ќе биде заменет и дотраениот асфалтен слој со нов. Работите треба да завршат до крајот на месец јули 2017 година.

Со ова ќе се реши долгогодишниот проблем кој граѓаните го имаа после секое невреме. Улицата се претвараше во река немајќи каде да се слева надојдената вода. Улицата е со широчина од 6 метри. За финализирање на сите работи ќе бидат потрошени 4,2 милиони денари.