На трката на 15 километри слободно на ЗОИ: Ставре Јада остави зад себе 20 натпреварувачи

Македеонскиот нордиец Ставре Јада го освои 99. место на трката од 15 километри во слободен стил, која се одржа на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои се во тек во Пјонгчанг.

На оваа трка настапија 119 натпреварувачи. Поради настинка тој ги пропушти последните два тренинга.

Златниот медал го освои Швајцарецот Дарио Колоња со време од 33:43.9 минути пред Норвежанецот Симен Кругер кој заостана 18,3 секунди, додека бронзата ја освои Русинот Денис Спицов со 23 секунди заостанување зад победникот.

Последен македонски олимпиец кој ќе настапи на ЗОИ во Пјонгчан е скијачот Антонио Ристевски кој ќе се појави на слаломската трка на 22. февруари