На Табановце уапсен осомничен наркодилер од Кратово

Синоќа во 22.15 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека М.Р.(26) од Кратово е предмет на потрага за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. 

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.