На светот постојат само двajца совршени луѓе: Едниот е мртов, а другиот сѐ уште не се родил!

Денес ви претставуваме 15 интересни кинески мудрости: Некои ќе ве насмеат, а некои во себе кријат важни животни лекции!

  1. Лутиот змеј кој неподвижно седи на дното на морето, еден ден ќе стане храна за обичните ракови. Неважно е колку успеси сме нижеле во минатото, ако не се движите напред, тие се само минато и ништо повеќе.

  2. На светот постојат само две совршени личности: едниот е мртов, а другиот сѐ уште не се родил.

  3. Силните луѓе имаат волја. Слабите имаат само желба.

  4. Сите го гледаме истиот врв, но кога ќе се качиме на него, погледот е поинаков. Патеките кои нѐ водат до тој врв го обликуваат човекот и неговиот карактер.

  5. Можеби не е во ваша моќ да ги контролирате мислите кои ви се мотаат низ глава. Но, вие ја имате моќта да не ѝ дозволите на секоја мисла да направи гнездо во вашата глава.

  6. Оној кој одлучил да помести планина, морал да почне од камчето во подножјето на планината.

  7. Најмоќната тврдина која можете да ја освоите е довербата.

  8. Лесно е да се започне некоја работа, но многу потешко е да направите успешна приказна од тоа.

  9. Не е важно колку е големо дрвото, лисјата паѓаат под него без оглед на тоа што се случува наоколу.

  10. Бракот е како дворец – тие кои се надвор од него сонуваат да влезат, а тие во него мечтаат за бегство.

  11. Наместо да го проколнуваш мракот, обиди се да запалиш свеќа. 

  12. Никогаш не верувај во она што го слушаш, половично верувај во она што го гледаш и никогаш во сѐ што правиш.

  13. Кога планираш и спроведуваш одмазда, покрај гробот на непријателот ископај еден и за себе.

  14. Еден момент на брзоплетост ви подарува часови или денови каење.

  15. Не се плашете од тоа што одите бавно, плашете се да не запрете.