На „соларно дрво“ во Карпош, граѓаните ќе можат да ги полнат своите електронски апарти

Општина Карпош постави прво „соларно дрво“ на кејот на реката Вардар, во близина на „Алпинистичката карпа“.

Станува збор за инсталација преку која со обновлива енергија, граѓаните ќе можат да ги полнат своите електронски апарти, мобилни телефони, лаптопи, таблети и електрични тротинети.

Од Општината информираат дека оваа инвестиција е овозможена од Германското здружение за меѓународна соработка (ГИЗ).

Општинските власти посочуваат дека локалната самоуправа се стекнала и со шест електрични тротинети, кои ќе бидат користени од администрацијата како превозни средства за тековните потреби.

– Општина Карпош инвестира во проекти кои се од суштинско значење за заштита на животната средина, а грижата за околината е еден од врвните приоритети на локалната самоуправа, соопштуваат од Општина Карпош.

Раководителот на Одделението за енергетска ефикасност Љупчо Димов, нагласил дека во иднина се планира и поставување на бесплатна интернет мрежа на оваа локација.