На социјалните мрежи се појавуваат петиции против измени на законот за пушење

Најавите за измени на законот за пушење во насока на либерализација на пушењето во угостителски објекти, ја прели чашата на непушачите.

Најавите за измени на законот за пушење во насока на либерализација на пушењето во угостителски објекти, ја прели чашата на непушачите, кои што започнаа онлајн петиција со која што бараат стопирање на измените на законот за пушење кој е во собраниска процедура.

Едната од ваквите петиции се појави утрово на социјалните мрежи, а граѓаните својата поддршка може да ја дадат преку следниот линк.

Да не дозволиме да се упропасти еден од ретките закони кој е во одбрана на човековото здравје. Дали профитот на мал број луѓе вреди колку здравјето и животот на само еден човек, прашуваат иницијаторите на оваа онлајн петиција.

Граѓаните преку социјалните медиуми масовно го изразуваат своето незадоволство од најавените измени на законот. На твитер се почести се коментарите кои го критикуваат овој потег на Владата.

По најавите за измени во законот за пушење во насока на либерализација на пушењето во угостителските објекти вчера на твитер се огласи Министерството за здравство од каде сметаат дека оваа институција не може да поддржува политики кои се штетни за здравјето.