На скопјанец му го украле „аудито“ сред булевар

Во СВР Скопје, вчера во 14.45 часот Ј.В.(47) од Скопје пријавил дека на бул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“ му било одземено возило „ауди“, кое го оставил незаклучено и со вклучен мотор.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.