На што ме научи животот?

Научив дека не можеш да ги натераш луѓето да те сакаат.
Се што можеш да направиш е да бидеш некој кој може да биде сакан.
Останато зависи од нив.

Научив дека без оглед на тоа колку се грижам, другите не се грижат.

Научив дека се потребни години за да се изгради доверба, а само секунда  да се уништи.

Научив дека не е важно што имаш во животот, туку кого имаш во животот.

Научив дека она што можеш да го постигнеш со шарм трае околу 15 минути. После тоа подобро е да знаеш нешто.

Научив дека не треба да се споредувам со другите кои најдобро работат, туку да работам најдобро тоа што го правам.

Научив дека не е важно што им се случува на луѓето. Важно е што тие прават во врска со тоа.

Научив дека во еден момент можеш да направиш нешто што ќе ги донесе болка за цел живот.

Начив дека без оглед на тоа колку е тенко парчето, секогаш постојат две страни.

Начув дека е потребно време за да станам личноста која сакам да бидам.

Научив дека кога се разделувате со саканите, треба да го правите тоа со љубезни зборови. Можеби ги гледате за последен пат.

Научив дека можеш да продолжиш понатаму и тоа многу подалеку отколку што си мислел дека можеш.

Научив дека самите сме одговорни за тоа што го правиме, без оглед на тоа што го чувствуваме.

Научив дека треба да го контролираш својот став, во спротивно тој ќе те контролира тебе.

Научив дека без оглед на тоа колку е страствена и силна врската на почеток, страста проаѓа и подобро е да постои нешто што ќе ја замени.

Омер Б. Вашингтон