На семејниот базар во „НОВА“ собрани 4 000 евра за децата со оштетен вид

Меѓународното приватно училиште „НОВА“ викендов организираше семеен базар на кој беа презентирани кулинарски специјалитети од разични земји, се продаваа книги и ракотворби, како и да погледнат дел од уметничката програма која ја подготвија учениците. Присутни на базарот беа поголем дел од дипломатскиот кор во земјава како и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Под мотото „Еднакви можности за сите деца“ интернационалното училиште го одбележа 10-тиот по ред хуманитарен базар, на кој се собраа 4 000 евра кои ќе бидат наменети за Државното училиштето за деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“. „НОВА“ редовно, преку целата годна организира хуманитарни настани во кои се активно вклучени учениците, нивните родители и професорите.