На сцената на МНТ ќе биде изведена претставата „R.E.M.“

На 20 април на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде презентирана претставата „R.E.M. (Rapid Eye Movement) A dream section” на Најн, современиот танцов театар од Пекинг, Кина. 


Претставата е во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, која беше гостин-кореограф во оваа компанија во мај и август 2016 година.

Во претставата настауваат танчерита на компанијата: Танг Ѕупеј, Зан Ли, Зао Јин, Хан Лина, Мао Јинг, Пу Руи, Зао Веијуан, Ксу Зидонг, костимите се на Благој Мицевски, а музикта специјално подготвена за претставата од нашата позната група Љубојна.

Премиерата на „Р.Е.М. - Низа од соништа“, премиерно се одржа на церемонијата на затворањето на Интернационалниот фестивал за современ танц во Пекинг „The New“ на 30 август 2016.

Во 2017, компанијата е на Европска турнеја, поддржана од проектот за културна размена на Пекингшкиот уметнички фонд , со цел да го презентираат делото „R.E.M. – A Dream Sequence" , кореографирано од Рисима Рисимкин (Македонија). Со оваа претстава на Рисимкин, тие ќе се претстават и на фестивалот Екзодос во Љубљана , како и во Холандија во престижниот театар Theater De Nieuwe Regentes во соработка со Новиот танцов центар и култниот центар Корзо во Хаг.

За прв пат се случува, кинеска танцова компанија со странски кореограф да оди на европска турнеја, што претставува потврда за квалтетот на работата на кореографот Рисима Рисимкин, но и огромен успех за Македонија, која секаде е претставена како земја од која Рисимкин потекнува.