Култура
13. April 2016 - 12:01

На раце ми умре - Сашко Коцев прозборе за трагедијата која се случи во МНТ

За време на пробата за претставата "Крал Лир" во Македонскиот народен театар вчера почина педесет и двегодишниот словенечки режисер Томаж Пандур. Актерите во МНТ шокирани и во неверување за трагдијата која им се случи пред нивните очи. 

Се уште не е позната точната причина за смртта на режисерот, иако се претпоставува дека станува збор за срцев удар со оглед на фактот дека неколку дена се жалел на болки во градите.

„На раце ми умре“, едвај кратко одговорил за Вест Сашко Коцев по ужасната трагедија која се случи за време на преставата.

Пандур беше исклучителен режисер на драмски класици. Негови најпознати претстави се: „Шехерезада", „Тесла електрик компани", „Хазардски речник", „Хамлет", „Медеја" ...

Последниве години Пандур живееше и работеше во Шпанија. На 26 години стана директор на Словенско народно гледалишче и од овој град направи театарска Мека, а во неговата богата биографија е запишана и Северина.