На плус 40 степени, на најфреквентните места во Скопје, дел од чешмите за пиење вода не работат

Граѓаните мака мачат со пеколното време. Оние кое не заминаа на одмор не можат да се разладат ниту во центарот на градот. На плус 40 степени, на најфреквентните места, дел од чешмите за пиење вода не работат. Сува е чешмичката во паркот на Франкофонијата. Кај МЕПСО, пак, граѓаните фонтаната ја претвориле во контејнер. Има и такви каде што водата не е за пиење.

Сепак дел од препораките на докторитере се токму граѓаните да носат со себе шише обична вода, бидејќи тоа најмногу помага. Толото време ги вжешти и телефонските линии на Брза помош- за 30 проценти се зголемиле интервенциите.

Oд Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека темпертури од портокалова фаза ќе се задржат и во наредната недела, поради тоа да се избегнува дирекна изложеност на сонце, после 10 часот.