Во тек на акцијата –„ Месец на среќата“ на Државна лотарија на Македонија, на Плоштад во Скопје, покрај бројните добивки до 5.000,00 денари, на различни игри на среќа, уловена беше и првата Златна рипка која на Христина Стефановска и донесе 100.000 денари.

Христина никогаш не играла игри на среќа, ниту пак верувала во нив. Сепак „Месецот на среќата“ поттикна многумина да се вклучат во кругот на забава, добивки и хуманост, а меѓу кои и другарката на Христина, која иницирала двете да купат по два лоза. Среќната рака е сепак раката на другарката која ги избрала 4те лозови и два од нив и дала на Христина. Токму на еден од нив, под три од 8те морски симболи се откриле бројчиња истоветни со трите добитни броеви наведени во златните меучиња. Христина, на која ова и е првиот лоз кој воопшто го изгребала, не била сигурна што значи поклопувањето на броевите, па се упатила кон среќното место на плоштад Македонија. Таму колегите од Државна лотарија на Македонија кои се вклучени во акцијата Месец на среќата, и објасниле дека тој лоз и носи добивка од 100.000 денари.

Христина е студентка која сака да патува, посебно со својата љубов за танцување латино игри, па непланираните средства ќе и се добредојдени за да оствари барем три од своите желби.Таа во саботата во друштво со Марјана Станојковска им порача на сите млади над 18 години дека треба да и дадат шанса на среќата.

Уште една среќна приказна раскажана во Државна лотарија на Македонија, а поврзана со инстант лотаријата.

Инаку инстант лотаријата Златна Рипка во својата втора серија нуди добивки од милион денари, од 500 000 денари, 100 000 денари , а воедно е и единствената која може да ви донесе и до три добивки на еден инстант лоз.