На „Пластичарска“ - Кој има поголемо возило тој е во право и има предност

Познатата „Пластичарска улица“ несомнено е синоним за голема гужва, непрописно пракирање и непочитување на сообраќајните правила и прописи. Така е и деновиве кога буквално тешко се минува, се вози во една лента додека другата е постојано зафатена со паркирани возила а запрежните коли кои се чести во овој дел додатно го гушат сообраќајот.

„ Семафорите не работат , полицаец нема, предност никој не почитува....“ – се дел од коментарите на граѓаните кои често мораат да сообраќаат по оваа улица.

Паркинг простори се импровизираните неколку земјени парцели околу објектите до самата улица а за слободен тротоар или пак велосипедска патека не може ниту да се помисли.

- Оваа улица е еден вид индустриска зона. Тука има најмногу продажни објекти, салони, продавници, производствени капацитети на километар квадратен во цела држава. Оваа улица ги поврзува неколкуте општини во Скопје а исто така е и улица која води кон Косово преку Визбегово па можете да замислите колкава е фреквенцијата на возила. Згора на се е што често не се почитуваат ни семафорите а не пак другите сообраќајни правила и прописи. Тука јасно си важи правилото „Кој има поголемо возило тој е во право и има предност “ -  ни изјави  Денис. К.

Улицата е дополнително оптеретена со честите градежни активности на неа, и со честото градење на огромни станбено – деловни објекти кои буквално направија гарежен ѕид по долж на целата улица на потег од касарната Илинден па се до надвозникот кај Бит Пазар.

Граѓаните велат дека последен пат полицијата интервенирала на оваа улица во април кога пајак службата се обиде да крене непорописно паркирани автомобили но поради опасност од големи инциденти се откажа од намерата. Група жители од населбата и вработени во продавниците не дозволија пајакот со полицијата да ги кренат возилата кои претставуваат опасност во сообраќајот и го попречуваа истиот.