На пензионер од Скопје му се падна 6+1 во Ново Лото

76 коло на НовоЛото 7/34 кое се одржа на 23.09.2017 година, му донесе среќа и вредна добивка на Д.Р, пензионер од Скопје. Тој денес ги посети просториите на Државната лотарија на Македонија и видно возбуден ни ја раскажа својата приказна.

Среќниот пензионер е играч на игрите на среќа на Државната лотарија на Македонија години наназад, но последниве 3 години секогаш ги игра истите бројчиња. Овој пат уплатил  6 комбинации во вредност од 120 денари, а неговата среќна комбинација била токму петата комбинација која му донела добивка 6+1  во вредност од 670. 485, 00 денари. Добитното ливче го уплатил на среќното место Тобако „Толакс“ во Бисер.

Кога сфатил дека бројките што се редат се токму неговите среќни бројки, веднаш и кажал на сопругата, а потоа ги известиле нивните деца. На нивната радост немало крај. Ова не е прва добивка за нив, но секако е најголема, а се надеваме дека нема да биде и последна.

Средствата од добивката ќе ги подели на неговите деца, а ќе остави нешто и за себе и за сопругата.

Тој им порача да на сите играчи на игрите на среќа , да го пронајдат своето Среќно Место и да ги уплатат своите среќни броеви, бидејќи со среќата никогаш не се знае.

 

*