На пазар или во маркет - каде да се купува овошје и зеленчук

Божикните празници секогаш се поврзани со многу купувања. Особено овошје и зеленчук. И тезгите на пазарите се полни со овие производи, исто како и маркетите. На потрошувачите им остануава да го направат изборот од каде да купат.

Големите маркети во кои се продава овошје и зеленчук се огромна конкуренција на пазарџиите што традиционално ги снабдуваат граѓаните со овие намирници на зелените пазари, особено сега пред божикните празници.

Денес, повеќе од кога било, луѓето се грижат за исхраната и за потеклото на овошјето и зеленчукот кои ги внесуваат. Сакаат да купуваат свежи, природно одгледани намирници, без никакви вештачки додатоци. Сепак, пазарите секојдневно се полни со граѓани кои ја следат навиката да поминат таму и да се снабдат со овошје и зеленчук. Некои купуваат од места каде што им е поблиску, но некои обрнуваат внимание на квалитетот.

Ако продуктите се одгледувани на природен начин, тоа значи дека се 100% органски, но значи и дека се поскапи.