На околу 50.000 квадрати депонии ќе никне трева

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ ги продолжуваат активностите за зазеленување на градот и деновиве подигаат и реконструираат повеќе зелени површини на 14 локации.

На булеварот Видое Смилевски Бато, во близина на Рамстор, се реконструира неуредена тревна јавна површина од 2.410 квадратни метри, на која се поставува хидрантска мрежа од 230 метри.

Хортикултурно се уредува и страничното зеленило на улицата Втора македонска бригада, на потегот од раскрсницата со улицата Кемал Сејфула до кружниот тек. Во овој дел се работи на површина од 3.020 квадратни метри, каде што ќе се постави хидрантска мрежа во должина од 1.300 метри, како и систем капка по капка во должина од 6.400 метри.

Нова парковска површина деновиве се подига на улицата Македонско-косовска бригада, на површина од 3.920 квадратни метри, со поставување хидрантска мрежа од 450 метри и систем за наводнување со 57 прскалки.

Деновиве хортикултурно се уредува и страничното зеленило на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, на површина од 1.700 квадратни метри. Во зеленилото се поставува хидрантска мрежа од 800 метри и систем за полевање капка по капка во должина од 3.000 метри.

Нов лик наскоро ќе добие и страничното зеленило на булеварот Србија, на потегот од сервис „Скендеровски“ до улицата Христо Татарчев, на површина од 1.600 квадратни метри, со поставување хидрантска мрежа од 200 метри и систем за полевање со 22 прскалки.

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ работат и на уредување на зелениот плоштад меѓу булеварот Борис Трајковски и улицата Народни херои, на површина од 4.500 квадратни метри, со поставување хидрантска мрежа од 800 метри и систем за полевање со 70 прскалки.

Во Градскиот парк, пак, се работи на две локации: наспроти хотелот „Канет“ и езерцето кај Стадионот опфатена е површина од 4.400 квадратни метри, која се реконструира бидејки постојната тревна површина е од пред 40 години и е со надмината физиолошка старост и површината пред фонтаната „Лотосов цвет“ и влезот во Градскиот парк на површина од 1.900 квадратни метри. На овој дел ќе се засадат 200 украсни грмушки, перени и листопадни садници со кои ќе се дополни постојниот дрворед. Ќе се постави и нова хидрантска мрежа од 700 метри, ќе се заменат расипаните прскалки и ќе се постават нови 70 прскалки.

Во наредните денови ќе почне хортикултурно да се уредува јавна површина меѓу булеварот Гоце Делчев и улицата Лазар Личеновски, околу куќата на Личеновски и потегот под тврдината Кале, на површина од 2.319 квадратни метри. На овој потег ќе се постави хидрантска мрежа од 300 метри и систем за полевање со вкупно 45 прскалки.

Ќе се работи и во паркот зад објектот на МКЦ, на улицата Крсте Мисирков, на површина од 4.585 квадратни метри, со поставување хидрантска мрежа од 600 метри и систем за полевање со 40 прскалки.

Хортикултурно ќе се уреди јавната површина над надвозникот за Црниче до ОУ „Браќа Рибар“. На површина од 1.110 квадратни метри ќе се постави хидрантска мрежа од 150 метри и систем за полевање со 10 прскалки.

Наскоро ќе зазелени и јавната површина на улицата Самоилова, на просторот околу Музејот на современа уметност. На површина од 8.260 квадратни метри ќе се постави хидрантска мрежа од 1.800 метри и систем за полевање со 180 прскалки.

На булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов наспроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се уреди зелен плоштад на површина од 3.550 квадратни метри, со хидрантска мрежа од 600 метри и систем за полевање со 60 прскалки.

Нови јавни зелени површини ќе се подигнат и меѓу улицата Јордан Мијалков и улицата Павел Шатев. На површина од 5.390 квадратни метри ќе се постави хидрантска мрежа од 478 метри и систем за полевање со 68 прскалки.

Вкупната површина која хортикултурно ќе се уреди и реконструира е 48.664 квадратни метри, за што Градот Скопје ќе вложи околу 38,1 милиони денари.