На новиот мини плоштад пред ГТЦ се поставува елката

Новогодишните украси се поставени, а веќе е започнато и поставувањето на новогодишната елка која годинава ќе биде дигитална и ќе ја надополни новогодишната атмосфера.

Таа е стационирана на новиот мини плоштад кој се довршува пред Градскиот трговски центар.

Како што најави скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, кога на прес конференција информираше за новогодишниот базар Винтерленд, елката ќе светне на 6 декември, кога и ќе започне базарот и новогодишната програма која ќе трае  до 31 декември.

Тој тогаш не откри повеќе детали околу новогодишната елка, бидејќи како што кажа треба да биде изненадување.

Новогодишната програма за децата ќе се одвива по два часа, почнувајќи од 16 часот, а потоа за возрасните, по три часа. За време на викендите е планирана целодневна програмата која ќе започнува точно напладне. извор:вечер.пресс.мк