На неколку локации во Скопје: Започна снимањето на филмот „Ах, љубов моја” (фото)

Денес на локации во Скопје започна снимањето на долгометражниот игран филм “Ах љубов моја”, во режија на Коле Ангеловски. „Ах љубов моја” е прв филм од жанрот комедија кој после подолго време се снима во Македонија.

Приказната е за позната пеачка, која по успешната турнеја и бурните емотивини проблеми кои ги има по раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите.

Меѓутоа се појавува нејзиниот поранешен љубовник, за да се поздрави со неа и се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности, комични ситуации…

Во филмот играат актерите Нина Деан, Атанас Атанасовски, Марија Кондовска, Александар Микиќ, Соња Стамболџиоска, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.

Директор на Фотографија е Роберт Јанкулоски, сценограф е Илина Ангеловска, костимите се на Раде Василев и Лира Грабул. Филмот се снима со поддршка на Агенцијата за филм на РМ и е во продукција на Авард Филм и Видео, а како ко-продуценти се јавуваат КТ Филм и Медиа и Квазар Филм.