На музиката и се потребни 13 минути да ви помогне да се релаксирате, а 9 минути да ве направи среќни

Едно од новите истражувања докажува дека во иднина музиката ќе се препорачува за да ни помогне да се фокусираме, но и да се ослободиме од таката и да се чувствуваме посреќно.

Истражувањето е спроведено од страна на Британската академија за терапија со звук, а истото ја покажува „соодветната доза“ која ни е потребна за да се соочиме со одреден состојба. 

Во ова истражувањео со наслов „Музиката како медицина” биле вклучени 7581 испитаници, со што било утврдени дека кај 90% од нив таа помага да се релаксираат, кај  81 % им помага да се чувствуват посреќно, а кај 46% помага да се ослободат од тагата. Дополнително, кај 32% било докажано дека таа придонесува за фокус и концентрација.

Според истражувањето, најдобрата музика за опуштање е со бавно темпо, со едноставна мелодија и без текст, со што се препорачува оптимално слушање од 13 минути. Исто така, само 9 минути се потребни за да се чувствувате посреќно.