На море со воз: „Хелас експрес“ ќе сообраќа на линијата Солун-Скопје-Белград

Експресниот воз „Хелас експрес“ повторно ќе почне да сообраќа помеѓу Скопје, Белград и Солун од 1 јуни годинава.

Од 01.06 возот ќе трга секое утро во 4:45 за Солун, а ќе се враќа секој ден во 18:30. За Белград ќе тргнува секоја вечер во 22 часот, а ќе се враќа во 18.30. Повратен билет ќе чини не цели 20 евра.

Покрај Солун и Белград, летово МЖ воведува и специјални понуди за Загреб и Љубљана.Повратните билети ќе чинат 59 евра за Загреб и 75 евра за Љубљана.

Новите меѓународни линии по поволни цени би требало да поридонесат да се зголеми интересот на макеоднските патници за возење со воз. Податоците на државната статистика за првиот кваратл од оваа години покажуваат дека се топи бројот на патиници кои користеле воз. Намалувањето за три месеци изнесува  38,6% споредено со лани.

За сметка на користењето на услугите на железницата, се зголемува бројот на патиници во сите други сегменти. Кај патниот преевоз растот изнезува 1,4%, а кај воздухопловниот од 7,1%.