На мекици како на свадба, прославите ни станаа циркус

Нодамна мој близок другар доби синче.Радост, среќа...ми се јави и ми ја соопшти убавата вест, покрја частењето и веслебата тој ден, ме покани на мекици.

Стигнува во ресторанот и на вратата ме пречека хостеса.Добро вечер се поздрвивме.Девојката ме праша од која страна сум поканет од на момчетот или девојката, ми падна чудно си помислив па јас не дојдов на свадба, ама ајде ако е така правилото дојден сум од машката страна, во ред ве молам презимето, ми падна смешно, и го кажав, девојката ми ја покажа масата на која треба да седам.

Пред да дојдам на прославата дома ги прашав моите што се носи на мекици.Едногласно добив одговор дека се носи благо- бонбоњера.Влегов се поздравив и го подадов подарокот, како што седнав од карш заблежав, маса полна со подароци...мечиња, балони, облека..ме фати срам си викам леле како не знаев и јас нешто ќе купев.

Започна забавта, на масата покрај сирењето и шеќерчето за мекици наредени слатаи ордевери...На бината пред да почне музиката се појави бабата која пресреќна реши да одржи мал говор.

Драги гости ви благодарам  за вашето присуство, оваа веселба е за мојот внук и ќерка кои сега се дома живи и здрави.Ова е голем ден за нас, може да почне забавата.

Очигледно бабата беше многу весела, ги покани музичарите и си нарача песна и го поведе орото... Музичките желби се редеа, оро се водеше...сите весели среќни...почна „тепачка“ кој да го фати микрофонот за да запее песна... се повторуваме како папагали додека наздравуваме со петтата пијачка и се врти десеттото оро.

Сето ова е убаво, но добро бе луѓе мора ли од се да правиме циркус. Очигледно кај нас важи правилото колку посиромашни сме, толку повеќе треба да се покажеме пред народот.

Сите убави пригоди станаа вештачки и изнасилени. Повеќе пиење, повеќе јадење, повеќе гости. Поскапи подароци. Се изгуби спонтаноста и сето уживање.