На луѓето ништо не им е доволно добро

Тука не е добро да бидеш паметен, да имаш што да кажеш, да имаш што да облечеш и да јадеш, да работиш, да заработуваш, да излегуваш на 40 години, сам да шеташ навечер, да излегуваш без сопругот, да зборуваш повеќе од сопругот, воопшто да зборуваш, да се смееш, да не се смееш, да го бараш она што ти припаѓа, да не го бараш тоа што ти припаѓа, да си сам, да не си сам, да си слаб, да си дебел, да не си родила, да си родила, да го напуштиш мажот, да останеш со него.

На луѓето никогаш нема да им бидеш доволно добар.

Исто како кога си добар, затоа што тогаш си наивен.

Исто како кога си наивен, затоа што подобри би било да бидеш итар.

Исто како кога си сам, затоа што би требало да си во брак.

Исто како кога ќе се венчаш, затоа што не ти треба таква глупост.

Исто како кога нема да родиш, затоа што кој ќе те чува кога ќе остариш.

Исто како кога ќе родиш три деца, затоа што нема да можеш да ги храниш.

Исто како кога не се школуваш, затоа што тогаш си глупав.

Исто како кога се школуваш, затоа што од тоа нема леб.

На луѓето ништо не им е доволно добро.

Не чини кога се бориш, затоа што тогаш си бескрупулозен.

Не чини кога не се бориш, затоа што тогаш си лигуш.

Не чини кога молчиш, затоа што тогаш си мутав.

Не чини кога зборуваш, затоа што тогаш се правиш паметен.

Не чини кога се смееш, затоа што тогаш си среќен.

Не чини да си среќен, затоа што треба да си тажен.

На луѓето ништо не им е доволно добро. 

Ако те видат дека излегуваш со некој друг маж, курва си.

Ако само седиш со твојот маж, те држи на краток ланец.

Ако трчаш по кариера, не си посветена мајка.
Ако не трчаш по кариера, тогаш си кутра домаќинка.

Ако внимаваш на килограмите, тогаш сигурно си исфрустрирана и незадоволна.

Ако не внимаваш на килограмите и изгледот, тогаш си дебела и одвратна. 

Ако мажот твој внимава на тебе, тогаш е папучар.

Ако не внимава на тебе, тогаш е заостанат Балканец. 

И сега кога го знаете сето ова, зошто дозволувате сѐ да ве погоди и боли, зошто и натаму се правдате и се менувате поради другите, зошто се прилагодувате на сите, зошто толку се трудите да им се допаднете на сите? 

Зошто толку се трудите да им се допаднете, иако знаете дека никогаш нема да ги направите среќни?

Затоа,

Смејте се, нафрлете некој килограм плус, плачете, скокајте, тагувајте, останете, заминете, молчете или зборете, правете што сакате, живејте онака како што вие сакате, живејте живот кој ве радува, кој прави да растете, а не да се склопчувате.

Живејте за да си се допаднете на себеси, за да се засакате себеси, за пред сѐ, вам да ви биде најубаво!