На крајот, секој маж жали кога од невнимание ќе ја изгуби жената на својот живот

Голем дел од мажите веруваат дека жената која ги сака ќе трпи се и сешто за да биде со нив -  дека ќе биде посветена, ќе остане верна додека тие изневеруваат и дека ќе се откаже од многу работи во животот да биде со тој маж.

Да, заљубената жена ќе направи многу работи, дел од нив навистина луди, ќе сака до смрт, ќе биде посветена, нема да изневерува, но тоа нема да трае предолго ако таа не е ценета и сакана.

Реалноста не е како во книгите. Времето минува брзо, животот се менува и жената која дала сѐ во една врска, може за секунда да одлучи да си замине без да погледне назад. Оваа жена дава шанса, впрочем дава многу шанси, но кога ќе види дека не е ценета, таа си заминува. Сѐ  е завршено.

Оваа жена дава многу шанси бидејќи верува во љубовта. Таа често верува дека мажот кој ја сака може да се смени за неа, или да и докаже дека таа е сакана. Тоа е и причината зошто многу жени остануваат во лоши врски подолго време.

Но, на крајот нејзиното срце е скршено. Таа ќе ги собере солзите, ќе си замине и иако ќе ја боли до смрт, ќе го преживее тоа и веќе никогаш нема да помисли на мажот кој се однесувал така кон неа. Таа ќе ја види убавината на животот и ќе сфати дека подобро е да е сама, отколку со некој кој навистина не ја заслужува.

И, колку и да се трудиш да ја вратиш назад, нема да успееш во тоа. Ќе направиш милион обиди да и покажеш дека се каеш, дека си подобар човек, но нема да наидеш на ништо освен на тишина.

Ниту една личност не заслужува да се носи со нечие срање, ниту една жена не заслужува да живее живот полн со стрес, болка и драма. Никој нема право да и го прави тоа. Никој нема право да си наоѓа оправдување кога се однесува лошо кон друга личност.

Ќе се каеш што си ја изгубил оваа жена, која можеби била жената на твојот живот. Но, таа нема да се врати никогаш.