На крајот на денот, можеш да сметаш само на себеси

На крајот на денот, се имаш само себеси. Вашите пријатели и сакани ќе бидат тука кога ќе ви се потребни, но тие никогаш нема целосно да разберат што се случува во вашиот живот. Тие не можат да разберат какви мисли ве мачат и што ве прогонува во текот на ноќта. Тие не можат да ја олеснат вашата болка бидејќи не знаат колку длабоко сте повредени.

На крајот на денот, можете да  си верувате само себеси, бидејќи луѓето се менуваат, нивните приоритети се менуваат, нивните чувства се менуваат и нивната  љубов се менува. Вие сте единствените кои можете да се спасите себеси и да си извадите од ситуацијата во која сте. Вие сте единствените кои сте способни да направите да ви биде подобро.

На крајот на денот, се имате себеси и затоа верувајте во себе. Верувајте во своето срце. Верувајте во својот ум. Верувајте дека не ви е потребен никој друг за да верувате во себе. Луѓето секогаш наоѓаат начин да ве натераат да се сомневате во себе, но на вас останува дали ќе одлучите да верувате на нивните коментари или ќе верувате во себеси. Не постои поголем влог кој можете да го направите за себе освен тоа да си верувате себеси.

Затоа, дозволете им да ви велат дека сте премногу или премалку. Да ви велат дека сте тешки и тврдоглави. Оставете ги да зборуваат дека никогаш нема да успеете.  Нека мислат дека се подобри од вас. Нека мислат дека се поважни. Нека ви судат колку сакаат. Верувајте си во себе.

На одреден начин, тие ви прават услуга бидејќи ви покажуваат какви луѓе не ви се потребни околу вас, кому не треба да верувате и кој не може да се справи со вашиот карактер.

Така најдобро ќе го најдете својот мир.

На крајот на денот, се имате само себеси.