На Клиника донесени двaјца работници кои паднале од висина

Вчера во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје, кои се здобиле со повреди од пад од висина.

Кај едниот од нив биле констатирани тешки телесни повреди, јави МВР.

За настанот бил известен трудов инспектор. Полицијата работи на расчистување на случајот.