На кафе со Горан Папаз

Талентиран, секогаш позитивен, насмеан, искрен. Охриѓанец кој го обожава Скопје во Април и Октомври.

Како го за почнуваш денот?  Дали имаш некои утрински ритуали?

Чаша вода на гладно и топла шолја (голема) кафе, веднаш потоа доручек и денот може да почне.

Која е твојата асоцијација на охридско, а која на скопско утро?

Па вака, Охрид ме асоцира на релаксирано утро, а Скопје на динамично утро :)

Во кој период од годината Скопје ти мами најмногу насмевки?

Скопје го обожавам во Април и Октомври.

Во овие месеци сум најкреативен, луѓето се посреќни, завршува агоничната зима со загадениот воздух и завршува агоничното лето со неподносливите горештини... едноставно убаво дишиме.

Охрид или Скопје?

Подеднакво ми се драги ама можам да ги поделам на летна резиденција и зимска... Охрид лето, Скопје зима :)

На Скопје и Охрид им недостасува…

Им недостасува љубов и насмевки

Скопје во само три зборови…

Единствен, топол, изморен.

Какви проекти те очекуваат оваа есен?  Кои се твоите следни работни ангажмани?

Есенва планирам промоција на заедничкиот албум “Елегија”,  кој го работиме заедно со мојот драг пријател Танче Гроздановски. Промоцијата ќе биде со концерт прво во мојот роден град Охрид, после во другиот МОЈ град Скопје.